09 Октомври, 2024
0.1172

ИНТЕРВЈУ СО НОРА ШАЌИРИ-МАРКОВИЌ: Ако станам Претседател, поубаво ќе биде за сите

Објавено во: Стил 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Се изначитав и се изнаслушав разно-разни конструкции на темата „Нора и Министерство за култура“, што навистина не можев да верувам колку луѓето можат да отидат далеку. Небаре Претседател на земјава станав, а можеби и треба да станам - сигурно поубаво ќе биде за сите.

Нора Шаќири-Марковиќ е познато Тв лице, искусна и како телевизиски и новинар во пишан медиум. Девојка со ведар и нескротлив дух, секогаш отворена да го критикува она што не и се допаѓа, и да обратно, да го пофали она за што смета дека е добро. Нејзин последен ТВ проект е контактната емисија „Овде и сега“, а од минатата есен, работи во Министерството за култура, во кабинетот на заменик министерот Владимир Лазовски. Нора е среќно мажена за музичарот Марко Марковиќ, а центар на нејзиниот свет се петте внуци за кои вели дека и будат мајчински чувства. По загубата на татко и, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, Нора вели дека се соочила со голем проблем со тироидната жлезда, за чије лекување меѓу многуте други тема зборува за Женски магазин.