17 Јануари, 2025
0.0298

Интервју со Виктор Апостоловски: Навредени се и македонските и балканските музичари

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Непопуларната одлука на ЗАМП да забрани емитување на македонска музика им го скрати уживањето на гледачите и слушателите од своите омилени автори и изведувачи. Додека меѓу здруженијата, државните институции и медиуми ќе се водат полемики за тоа кој е во право решивме да видиме како е на страната на тие кои сигурно се најпогодени, а тоа се музичарите, бидејќи нивните дела не се емитуваат пред публиката. 

Разговаравме со младиот пејач Виктор Апостоловски, член на ЗАМП, кој бара да се почитуваат неговите авторски права, но исто така ни открива за лошиот однос на дел од медиумите кон него и воопшто кон изведувачите.

Фактор: Како ја оценуваш одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на македонска музика низ медиумите, сепак вие работите за публиката, дали ова е неопходна одлука?

Апостоловски: Точно е, работиме за публиката, меѓутоа, прост пример, како би сте се чуствувале вие кога би работеле цел живот за многу други личности и компании да имаат профит од тоа, без разлика дали душевно или финансиски, а вие за возврат не само да не добивате ништо, туку да бидете непочитувани, па дури и да ви биде барано да платите за да го промовирате тоа што го правите?

Факт е дека одлуката на ЗАМП не е од полза ни на нас авторите, ниту па на медиумите, меѓутоа, сметам дека е единствен начин за да го добиеме она што го заслужуваме. На крајот на краиштата, се работи за наши дела, за наши продукти, и наше право е дали ќе ги ставиме на тезгата за продажба или ќе си ги чуваме во магацин.

И да не заборавиме дека навредата не е само до нас, туку е и до сите балкански автори, бидејќи нивната музика се користи уште повеќе, а воопшто не се плаќа. Што значи ЗАМП не ја забрани српската музика, туку балканските автори сами го поттикнаа ова уште пред нова година, бидејќи нормално, тоа е нивно право и сакаат да бидат испочитувани.

Фактор: Како член на ЗАМП колку си задоволен од начинот на кој ги штитат авторските права, што може да се подобри или промени во тој дел?

Апостоловски: Има тука многу фактори кои влијаат на работата на ЗАМП. Секако дека не е сјајно, меѓутоа би било далеку подобро кога медиумите и сите консуматори на нашите дела би си ја обавувале својата должност.

Патем, оваа година ЗАМП се обиде да воведи еден светски систем, кој точно до секунда ќе го пратеше пуштањето на секоја музика и според тоа транспарентно ќе ги делеше финансиските средства, меѓутоа, преку ноќ, без никаква консултација, се сменија многу закони и тоа доведе до кратката забрана пред нова година, после што дозволивме да поминат празниците бидејќи беше ветено дека ќе се среди ситуацијата. Меѓутоа, наместо да се среди, ситуацијата се влоши, што доведе до оваа забрана.

Фактор: Низ изминативе години се водеа кампањи за повеќе домашна македонска музика. Тоа не е возможно доколку немате медиумско покривање и популаризација. Какво е вашето лично досегашно искуство?

Апостоловски: Вака сега, да разграничиме неколку работи. Да, потребен е медиумски простор за промоција на нешто ново и слично, но и на медиумскиот простор му е потребна музика за себе промоција, бидејќи секој од нас си има една одредена, да ја наречeме фан база, или маса на луѓе кои не поддржуваат, кои автоматски значат поголема гледаност т.е. рејтинг за медиумот, а тоа значи и повеќе финансиски средства за истиот. Значи релацијата автор - дело - медиум треба да е взаемна, треба да има соработка. Не треба едните да се над другите! Тоа е најгрешниот став што може да се има, бидејќи како што гледате, и не е така лесно едните без другите. Факт е дека секој медиум може да работи без нечија музика! Ама факт е и дека секој изведувач т.е. автор може да работи без некој медиум! Можеби и за едните и за другите ќе е потешко ама не е невозможно. Меѓутоа, далеку подобро, попрофитабилно и фер е да се најде заеднички јазик преку кој медиумите и авторите ќе здружат сили и ќе извлечат максимум од своите способности, за сите да бидат среќни и весели.

Е сега, кога веќе тоа го расчистивме, срам ми е да кажам, дека добивам повеќе почит од телевизиите во Бугарија и Србија отколку од телевизиите во Македонија. Значи на бугарската Балканика ме даваат по десет, дваесет пати денот, а на сите македонски телевизии не ме дале 20 пати во текот на целата година. И не само мене, туку и сите останати колеги се исто третирани, некој повеќе некој помалку, меѓутоа таква е ситуацијата. Ние ги добиваме оние „Порно часови“, кога сите спијат, колку да се пополни програма и обврската кон државата, што е многу смешно. Јас како дете пораснав со Македонска музика и тоа не е затоа што квалитетот на музиката беше многу поголем тогаш, не, туку затоа што имаше почит.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби