09 Октомври, 2024
0.0437

Интервју Веселинка Ковачева: Децата со солидна основа на својот мајчин јазик многу полесно учат втор јазик

Објавено во: Стил 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Мајчиниот јазик е  најважниот подарок што може да му се подари на едно дете. Секој ден треба со детето да се зборува на мајчиниот јазик. Тоа е јазикот со кој што секое дете осознава за светот што го опкружува, кој му помага да се ‘’подготви за животот’’ , а родителот е главниот елемент во тој процес. Родителот е првиот учител на своето дете.

Употребата на мајчиниот јазик го поврзува секое дете со своето семејство, но исто така и со културата и традицијата на земјата во која живее- вели во интервју за Женски магазин, Веселинка Ковачева, заменик административен директор на градинката при Француското Интернационално Училиште во Скопје – ЕФИС. Сепак констатира дека грешката се јавува  кога родителот при комуникацијата со своето дете употребува зборови од два јазика (мајчиниот и некој друг странски јазик). Па така смета дека подобро е да се зборува на еден јазик отколку да вметнува и втор кој можеби родителот и не го владее така добро.

Солидната основа на мајчиниот јазик  според неа ќе му биде од голема помош за учењето на друг странски јазик.

Женски магазин: Дали и колку си го познаваме мајчиниот јазик и колку е важна основата од најрана возраст?

Ковачева: Мајчиниот јазик ја има главната улога во изградбата на идентитетот бидејќи тој е неразделен дел од мислата. Кога детето почнува да зборува, тоа почнува и да мисли. Но пред тоа да почне да зборува односно  да мисли, детето го слуша јазикот на своите родители и разбира или поточно воспоставува врска помеѓу дејствата на својата мајка и зборовите што таа ги изговара. Мајчиниот јазик е  најважниот подарок што може да му се подари на едно дете. Секој ден треба со детето да се зборува на мајчиниот јазик.Тоа е јазикот со кој што секое дете осознава за светот што го опкружува, кој му помага да се ‘’подготви за животот’’ а родителот е главниот елемент во тој процес. Родителот е првиот учител на своето дете.

Употребата на мајчиниот јазик го поврзува секое дете со своето семејство, но исто така и со културата и традицијата на земјата во која живее.Децата кои од најрана возраст имаат солидна основа на својот мајчин јазик многу полесно учат втор јазик, побрзо учат да читаат и пишуваат на училиште.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, овде.