20 Декември, 2025
0.0908

Инвестиција вредна 200 милиони евра, Белград гледа во иднината!

Објавено во: Балкан 30 Август, 2013 22:27

Добивај вести на Viber

Работите за расчистување на теренот на Калемегдан, каде што на местото на поранешната фабрика за текстил „Беко“ треба да никне скап станбено-деловен комплекс се одвиваат според планираното . Проектот треба да биде завршен во 2016 година, пишува Данас. Во текот на оваа година само за отстранување на делови од постојните згради на поранешната фабрика се потроѓени над половина милион евра. Целосно отстранување на фабричката хала ќе чини уште еден милион евра, по што ќе биде можно да се започне со изградбата на комплексот, кој ќе се состои од станбени објекти , галерии, бизнис дел, хотел со пет ѕвездички , модерен конгресен центар, продавници и стоковна куќа . Грчката компанија „ Lamda development“, просторот го купи уште во 2007 година за над 55 милиони евра, а се очекува вкупната инвестиција  да надмине 200 милиони евра. За проектот инвеститорот  го има ангажирано архитектонското студио на Заха Хадид од Лондон еден од водечките архитекти на денешницата. „Единствениот мултифункционален комплекс на поранешната фабрика „ Беко " на бреговите на реката Дунав, заедно со предложениот проект „Облак“ на јапонски архитект Соу Фуџимото на Савското пристаниште, ја означи ревитализацијата на на оваа важна област на Белград“, вели грчката инвеститор. Оттаму посочуваат дека со изградбата на овој комплекс ќе продолжи развојот на модерниот Белград кој нагло е прекинат во осумдесеттите години, и тој „би можел да биде симболот на една нова ера за Србија."

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација