02 Мај, 2024
0.0345

Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати

Објавено во: Економија 16 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Конечно се покажа дека оптимизмот за запирање на првиот бран на пандемијата е пребрз. Луѓето брзо се опуштија и заборавија на мерките на претпазливост, па пандемијата почна повторно да се шири брзо во буквално секоја земја надвор од Европа. На глобално ниво од ден на ден се зголемува бројот на заболени, додека смртноста е малку пониска отколку онаа во март и април. Причините можат да се најдат во фактот дека во просек сега помладата генерација заразена и дека подобро ја знаеме болеста, а третманот е се поуспешен. Мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како пред три месеци, но пред некој ден Калифорнија презеде мерки какви што имаше во април (сепак овие мерки се сè уште поблаги отколку оние што беа во април во Италија или Шпанија). Последиците за економската активност ќе бидат значајни и веројатно ќе бидат вклучени во предвидувањата за втората половина на 2020 и 2021 година, но засега нема преголем песимизам кај аналитичарите. Економските податоци што доаѓаат во последниве недели сугерираат на закрепнување во форма на кука и се помалку песимистички од прогнозите на економските аналитичари. Но ги намалија очекувањата за време на најлошата паника во почетокот на пролетта, така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период минатата година. Дури и меѓународните односи не укажуваат на чекор напред. Ако Европа изненадувачки изгледа релативно координирана во поддршка на својата економија, сепак се врти околу договорот за Брегзит, втората фаза од договорот меѓу САД и Кина е јасно закопана додека реториката меѓу двете суперсили се засилува и меѓународната трговија продолжува да забавува. На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки, кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите, што носи со себе бројни аномалии. Но, засега, опуштената монетарна политика е најсилната моќ на пазарите со кои не е мудро да се претера.

– Опуштената монетарна политика на тој начин продолжува да биде движечка сила на пазарите и на главниот индекс на акции на САД – S&P кој беше над нивото од почетокот на годината за кратко време за време на тргувањето во понеделникот. Акциите од секторот технологија од друга страна продолжуваат да растат силно, а акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) од ден на ден поставуваат нови рекорди. Вредностите изгледаат екстремно високи, но инвеститорите во моментот не се премногу заинтересирани за тоа. Исто така стануваат доста интересни и други акции од технолошкиот сектор, особено популарни кај малите инвеститори, каде што евалуациите се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци. Официјално оваа недела  започна објавувањето на податоците од првиот квартал. Во последните неколку дена видовме неколку најави каде компаниите ги надминаа очекувањата и со тоа предизвикаа позитивен одговор на пазарите особено во Европа. Причините за надминување главно се наоѓаат во остро намалените очекувања од првиот квартал, но инвеститорите реагираа многу позитивно. Ваквиот одговор покажува дека психолошкиот одговор во моментов е доминантен на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се претерано во првите редови. Во минатата недела голем пораст имаа акциите од технолошкиот сектор, додека останатите стагнираа. Моќен раст забележа Кинеската берза каде што се забележаа вистинска еуфорија за купување, но на пазарот најголемиот дел од растот може да се препише на технолошкиот сектор, е-трговија и електричните автомобили. Потрошувачката, здравствената заштита и другите индустрии се повеќе или помалку стагнирани.

Совети за инвеститорите:

Ја задржуваме препораката, која ја повторуваме повеќе недели. Акциите се доста скапи, но со слично скапи обврзници и банкарски инструменти практично нема алтернатива така што сега не е време за крајности. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате инвестирано во акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршката за обврзниците и за акциите го принудува растот на цените и овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци состојбата на светската економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите со поголем удел на индустриите кои подобро ќе се справат со оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува акции од здравствениот сектор, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија стануваат скапи. Затоа советуваме поголема претпазливост кај технолошките акции. Инвеститорите кои се изложени на технологија над просекот треба да размислат за повлекување на дел од профитот и да ги преструктурираат портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и се очекува да расте волатилноста. Диверзификација на портфолио е неопходен чекор во вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат умерено како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но длабоки и привремени корекции не се исклучени. Исто така многу работи зависат од развојот на пандемија која може умерениот оптимизам на пазарите да го доведе назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури со првиот бран пазарите сè уште растеа во февруари, кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и ќе има силно влијание врз економијата. Отрезнувањето дојде само во март.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија