Инвестицијата „Диатек“ ќе донесе 200 вработувања
Објавено во: Економија 30 Март, 2015
Диатек, Италијанската компанија која што се занимава со дигитално печатење стана официјален инвеститор во земјава со потпишувањето на договорот за реализација на својата инвестиција меѓу директорот Диего Мосино и Виктор Мизо директор на Дирекцијата ТИРЗ при претходна остварена средба со претставниците на Владата премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Владимир Пешевски.
Се предвидува оваа компанија да донесе 200 нови вработувања, а истата ќе инвестира 10 милиони евра во ТИРЗ - Скопје1.
Фабриката во првата фаза ќе се простира на 2500 м2 а производството е наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.
Сопственикот на оваа компанија како главна причина за инвестирањето во Македонија ја посочува добрата бизнис клима.
Освен во Италија, Диатек има производствени капацитети во Швајцарија, Франција, Германија и САД, со годишен обрт од околу 200 милиони евра и вработува 800 луѓе во светот.