26 Јуни, 2024
0.0253

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Објавено во: Свет 24 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Трупот на хеликоптерот на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси се запалил откако удрил во планина, се вели во прелиминарниот извештај на Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб за падот.

Со сигурност може да се каже дека хеликоптерот кој се урнал се запалил дури откако удрил во рид, јави ТВ ИРИБ. По падот, пилотот успеал да воспостави контакт со пилотите на уште два хеликоптери, кои превезувале други членови на претседателската делегација, соопшти Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб.

Потрагата продолжи и во текот на ноќта поради магла, студено време и нерамен терен. Конечно, местото на несреќата го лоцираше иранско беспилотно летало во понеделникот во 5 часот по локално време. И Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб соопшти дека на трупот на хеликоптерот на покојниот ирански претседател не се пронајдени траги од куршуми. На трупот на соборениот хеликоптер не се пронајдени траги од куршуми или слични предмети, јави ТВ ИРИБ.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан во храмот Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раиси.

На погребот присуствуваа високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, како и претставници на Ирак, Авганистан, Турција, Туркменистан и Саудиска Арабија. Тридневните погребни ритуали за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси започнаа во вторникот во градот Табриз во иранската провинција Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше пренесено во Техеран и Бирџанд, каде луѓето му оддадоа почит на претседателот.

Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптерот се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран. Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

ГРАТЧЕ НА СИЦИЛИЈА: Нудат евтини куќи како „мамец“ за нови жители

ГРАТЧЕ НА СИЦИЛИЈА: Нудат евтини куќи како „мамец“ за нови жители

Лесја Украинка: Русија продолжува да го тероризира цивилното население на Украина

Лесја Украинка: Русија продолжува да го тероризира цивилното население на Украина