ИСЧЕЗНА ДЕВОЈКА ОД АЛБАНИЈА КОЈА СТУДИРАЛА ВО СКОПЈЕ: Пријателите бараат помош за нејзино пронаоѓање
Објавено во: Македонија 31 Март, 2024 11:55
Исчезна 21-годишна девојка во Илинден.
Станува збор за Енкеледа Чела – државјанка на Албанија, која студирала на Економскиот факултет во Скопје со дозвола за престој. Според описот на објавата на социјалните мрежи, висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.
Нејзината другарка, Јоана која ја сподели објавата за исчезнатата девојка, во изјава за „Макфакс“ вели дека последен пат ја видела во петокот вечерта.
„Во петокот околу 20-21 часот пиевме кафе. Потоа таа и уште една наша заедничка пријателка со која заедно живееја, се упатиле кон домот. Сепак, Ени (исчезнатото девојче) практикуваше да се прошета малку сама пред да се врати во станот и таа ноќ го направила истото, но потоа не се вратила назад . Според нашите информации ја виделе на бензинската пумпа во Илинден следното утро помеѓу 5 и 7 часот, но уште не можеме да тврдиме дали навистина била таа додека не бидат прегледани камерите“, раскажа нејзината другарка.
За исчезнувањето информирано е и нејзиното семејство во Албанија. Девојката не се вратила кај нив, а тие се на пат кон Македонија за да ја бараат.Во соседна Србија шести дена трае порагата по исчезнатото 2 годишно девојче Данка Илиќ.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




