Исчезна и последниот симбол на Југославија – агенција Танјуг
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2015 10:33
Основана во 1945 година од страна на Јосип Броз Тито, новинската агенција Танјуг веќе плови во минатото. Таа беше сечилото на Југословенската комунистичка партија и дури го задржа своето име по распадот на поранешната Конфедерација за време на крвавите војни во периодот (1991-1999).
Агенцијата беше ставена на приватизација, но не се појави ниту еден купувач, соопшти Министерството за култура во Србија. Сите вработени ќе добијат надомест. За официјалниот датум на престанок на постоењето на Агенцијата се смета 31 октомври 2015 година, но вработените најавија дека ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски до крајот на ноември.
Во Србија остануваат да работат само приватните новински агенции. Од Министерството за култура и информации ги негираа информациите дека ќе биде формирана нова државна новинска агенција. Според Саша Мирковиќ од Министерството приватните агенции „Фонет“ и „Бета“ се доволни за пазарот на Србија.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




