ИСФРЛАЊЕТО НА РУСИЈА ОД SWIFT Е ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ - Русите ќе останат надвор од глобалниот платен систем
Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2022
Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.
„SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови“, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен.
Тој додаде дека таквата одлука е апсолутно неопходна.