Испил алкохол и солна киселина и паднал во Вардар
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
55-годишен скопјанец вчера бил изваден од реката Вардар од случајни минувачи и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на Токсикологија во Ургентниот центар Скопје.
Од извршените проверки било утврдено дека лицето Р.К. испил поголема количина алкохол и солна киселина.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и се работи на целосно расчистување.