Добивај вести на Viber
Полицијата се уште ги бара причините заради кои вчера автобусот бр. 67 на ЈСП-Скопје излета од патот кај Драчево, при што 50-тина патници беа полесно повредени.
Директорот на ЈСП Мишо Николов, во изјава за МРТ утрово истакнал дека возачот возел со брзина од 70 километри на час, што е повисока од дозволената. Тој демантира дека откажале сопирачките на автобусот, а возилото ги имало и сите документи за техничка исправност.
Сепак, последниот збор треба да го каже истрагата. По вчерашниот инцидент, тројца од повредените патници се задржани на скопските клиники. Нивната состојба е стабилна, информираат лекарите.
Николов вчера истакна дека три причини е можно да ја предизвикале несреќата - пребрзо возење, технички дефект на автобусот или некаков објект на патот во кој удрил автобусот.
Возачот на автобусот е премногу вознемирен, не се сеќава како се случила несреќата во Драчево