26 Април, 2024
0.0280

Истражители од Јужна Кореја пристигнаа во Србија, го бараат крипто-милијардерот и измамник До Квон

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Официјални лица од јужнокорејското обвинителство и од јужнокорејското Министерството за правда пристигнаа во Белград во потрага по крипто-милијардерот До Квон, кој се претпоставува дека се крие во Србија. Квон стои зад криптовалутата „луна“, чиј колапс „збриша“ инвестиции вредни околу 60 милијарди долари, што е најголемата загуба во светот на крипто.

Потрагата по контроверзниот основач на сега пропаднатиот криптосистем „Тера“, До Квон, се интензивираше бидејќи јужнокорејските власти наводно потврдиле дека испратиле најмалку две лица во Србија да трагаат по него. Според неодамнешниот извештај на Блумберг, обвинителството во Сеул соопшти дека извештаите за нивните претставници кои одат во Белград за да го најдат Квон „не се лажни“.

Јужнокорејскиот Chosun Media претходно објави дека јужнокорејската разузнавачка служба имала информации дека Квон е во Србија. Според тој медиум, во моментов нема договор за екстрадиција меѓу Јужна Кореја и Србија, поради што Квон ја избрал Србија за скривалиште.

Квон е обвинет за кршење на законите за пазарот на капитал во врска со колапсот на криптосистемот „Тера Класик“, кој збриша околу 60 милијарди долари инвестиции, според „Коинтелеграф“. Квон ја основа „Тера Класик“, која ја создаде криптовалутата луна. 

Квон е во бегство од средината на септември, кога беше распишана потерница за негово апсење, а по него беше распишана потерница од Интерпол, додека Јужна Кореја му го поништи пасошот.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра