11 Декември, 2025
0.0515

Истражителите открија колку чини накитот украден од Лувр

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2025 20:39

Добивај вести на Viber

Накитот украден од музејот Лувр во Париз се проценува дека вреди околу 88 милиони евра, објавија денеска париските обвинители. Во неделата, четворица крадци украле девет предмети од познатиот париски музеј додека бил отворен за посетители, а еден од украдените предмети бил фрлен и пронајден на местото на настанот.

Париските обвинители ја довериле истрагата на специјализирана единица позната како „БРБ“, која често се занимава со грабежи од висок профил. Поранешен офицер кој служел во единицата откри дека BRB била таа што ја водеше истрагата за грабежот на Ким Кардашијан во 2016 година, кога банда провалила во нејзиниот стан во Париз, ја врзала и побегнала со накит вреден околу 6 милиони долари.

Паскал Шкудлара, поранешен член на единицата, објасни дека „БРБ“ има околу 100 агенти, од кои повеќе од десетина се специјализирани за кражби во музеи. Истражителите ги прегледуваат видео снимките, телефонските записи и форензичките докази.

Шкудлара рече дека „БРБ“ „може да има тимови кои работат на ова 24/7 подолг временски период“, додавајќи дека е „100%“ сигурен дека крадците ќе бидат фатени.

Детективот за уметнички дела и скапоцености Артур Бренд, кој им помага на полицајците низ цела Европа, додаде дека истражителите ќе ги прегледуваат и снимките од надзорните камери од пред неколку недели во потрага по сомнителни лица кои можеби ја извидувале галеријата.

Бренд го предупреди „Скај њуз“ дека шансите да се најде пленот недопрен се намалуваат од ден на ден.

„Овие скапоцености се толку познати што едноставно не можете да ги продадете“, објасни тој. 

Бренд верува дека полицијата треба да ги фати крадците во рок од една недела за да има каква било надеж дека ќе го врати накитот. 

foto Wikipedia/Pedro Szekely

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?