17 Јануари, 2025
0.0275

Истражување: Колкав е животниот век на Македонските граѓани?

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во Македонија мажите живеат во просек по 73.9 години, а животниот век на жените е 79.1 години. Најчеста причина за смрт е цереброваскуларна болест, а најголемите ризични фактори кои доведуваат до смртност и неподвижност се високиот крвен притисок, диетарните фактори и чадот од цигари, покажува големо меѓународно истражување за состојбата во здравството наречено „Global burden of disease study“.

Со податоците е опфатен периодот од 1990 до 2015 годиа, а она што најмногу ги интересира експертите е колку и во која земја развојот или падот на здравствентата заштита го следи порастот или падот на БДП-то. Се покажува дека граѓаните на Шпанија, Франција и Малта најдобро го користат својот БДП во корист на здравствената заштита. 

Во истата категорија се и некои земји кои немаат толку висок БДП: Јордан и Малдивите. Потоа следуваат држави како Шведска, Исланд, Грција, Алжир, Албанија, Узбекистан, Костарика...

Главно, станува збор за показатели за успешноста на здравството на одредени држави во однос на она што би се очекувало од БДП-то. Така се доаѓа до ситуација во која Хрватска, БиХ и САД имаат од прилика еднакво очекувано траење на животот на мажите и жените, околу 81 и 75 години, додека граѓаните на Русија може да очекуваат дека ќе живеат само 77 години за жените и 65 за мажите. САД има БДП по жител од 54.306 долари, Русија само 12.972, Хрваткса 13.425, а БиХ само 4.844.

Како земји кои имаат нешто подобри резултати од очекуваното во однос на БДП, од поранешните југословенски републики се означени Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора и Македонија, додека Србија има лоши резултати во однос на БДП-то.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби