18 Декември, 2025
0.1117

Истражување: Здравство троши најмногу, а е најмалку транспарентно министерство

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019 11:12

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство потрошило најмногу пари во 2018 година за јавни набавки, а оваа институција има најниско ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во набавките, покажало истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Имено над 20 институции кои биле анализирани заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки, а само Министерството за здравство за таа намена одвоила 39 милиони евра. Сепак од просечното ниво на отчетност кое за сите изнесува околу 55,2 отсто од можните 100 проценти, Министерството за здравство исполнува околу 39 проценти. Прворангирана институција по транспарентноста е Министерството за економија, а сепак оваа институција има лани помал обем на јавни набавки или тие се во вкупна вредност од 334.000 евра. 

Инаку  процентот од 55,2 отсто во транспарентноста, стои во истражувањето, е мало подобрување во однос на претходните години односно во 2017 година изнесувал 53,6 проценти додека во 2016 година 51,7 отсто.

-Најмногу институции се рангирани во „ограниченото“ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 отсто и 60 отсто од можни 100 проценти. На врвот се Министерствата за економија и за одбрана, а на дното Министерствата за здравство и за образование и наука. Институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31отсто од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 проценти од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието, стои во резимето на истражувањето.

Докажало дека 86 проценти од институциите го објавуваат годишниот план за јавни набавки на своите веб-страници, само половина ги објавуваат огласите за јавните набавки, а само две ги објавуваат известувањата за склучените договори.

Процентот на тендерски документации со дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата е намален од 29 проценти во претходните две години на 18 проценти во 2018 година.

„Секој трет тендер на анализираните институции бил поништен. За разлика од ланските 25 отсто за 2018 година процентот на поништени тендери изнесува 30,3 проценти, стои во извештајот. 

Инаку истражувањето покажува и дека се влошува одговарањето на институциите на доставените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Лани одговориле просечно за 38 дена, годинава за 42, иако максималниот законски рок е 30 дена. 

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?