БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

Објавено во: Економија 13 Април, 2025 08:53
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи.
За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3.650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување.
„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk“, се вели во соопштението од АХВ.
Можеби ќе ве интересира
АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

ДАЛИ КИНА ГИ ДРЖИ КЛУЧНИТЕ КАРТИ ВО КОНФЛИКТОТ СО ТАРИФИТЕ - експертите тврдат „Пекинг има џокер во ракавот“

ДАЛИ ЗАКЕРБЕРГ БИ МОЖЕЛ ДА ГИ ИЗГУБИ INSTAGRAM И WHATSAPP - подигнат судски процес, еве кои се неговите надежи

РУСИЈА ПАК ВО ИГРА: очајната ЕУ на работ на капитулација - без руски гас немаме индустрија

ЕМИРАТИТЕ ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА? Николоски очекува инвестиции

ГОСТИТЕ ПОМАЛКУ ПИЕЛЕ И СПИЕЛЕ, А ПОВЕЌЕ ЈАДЕЛЕ, АМА ХОТЕЛИТЕ ГИ САКАЛЕ - охридскиот бисер „Хотели Метропол“ со одличен профит и здрави планови
„Топлина“ од Подмоље доби рекорден тендер од соништата за ископ на јаглен

РАЗРЕШЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА ПОШТА СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КХВ – долги години работела во ова државна институција, еве ги деталите
