Италија нема да го суди синот на Ердоган за перење на пари
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Италијанското обвинителство поради недостиг на докази го отфрли обвинението против Билал, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се сомничеше за перење на пари додека престојувал на докторски студии во Италија.
- Италија треба да се занимава со мафијата, а не со мојот син, изјави Ердоган, додавајќи дека апсењето на Билал Ердоган во случај на враќање во Италија „би можело да предизвика проблеми“ во односите меѓу Анкара и Рим.
Сомнежите за активностите на Билал Ердоган ги фрли Мурат Хакан Узан, член на една од најбогатите турски семејства и противник на Ердоган кој е во политички азил во Италија. Тој го обвини Билал дека во Италија донел голема сума на владејачката партија со цел да ги „испере“ што е големо обвинение и напад врз угледот на претседателот на Турција.