Италијанец со комбе удри две годишно дете во Куманово
Објавено во: Македонија 18 Август, 2018
Д.С. лице од Италија, на возраст од 26 години, управувајќи комбе вчера попладне удри во две годишно дете од Куманово.
Несреќата се случила на улица „Средорек“ во 17.40 часот.
На детето му е укажана лекарска помош во болница каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е препратенo на лекување во Комплексoт клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.