02 Април, 2025
0.0669

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

Објавено во: Економија 29 Март, 2025 21:07

Добивај вести на Viber

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари објави дека ќе ги зголеми цените на некои модели за 10 отсто со цел да ги ублажи ефектите од очекуваното зголемување на американските царини.

Цената на сите автомобили увезени во САД пред 2 април ќе остане иста, соопшти компанијата.

По овој датум, цените за три модели – „Ferrari 296“, „SF90“ и „Roma“ – ќе останат непроменети, додека моделите „SUV Purosangue“, „12Cilindri“ и „F80“ ќе поскапат, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави дека од 2 април ќе воведе царини од 25 отсто на автомобилите произведени надвор од САД.

Ферари ги произведува сите свои автомобили исклучиво во својата фабрика во Маранело.

Не е јасно какво влијание ќе имаат овие царини врз продажбата на Ферари, бидејќи за повеќето од неговите модели веќе постои листа на чекање подолга од една година, пренесува CNBC.

Купувачите на Ферари генерално се доволно богати за лесно да го поднесат поскапувањето на своите омилени автомобили.

Ферари минатата година оствари одлични резултати, забележувајќи раст на профитот од 21 отсто, достигнувајќи 1,5 милијарди евра, објави ANSA.

Приходите на Ферари за минатата година пораснале за 11,8 отсто на 6,67 милијарди евра, а компанијата испорачала 13.752 автомобили.

Како што пренесе Bloomberg, добрите резултати се должат главно на силната продажба во САД, која бележи раст од осум отсто во однос на претходната година.

фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки