09 Октомври, 2024
0.0249

ИВАН БОСИЉЧИЌ ПОВТОРНО КАЈ НАС: Музички времеплов и светска поезија со популарниот српски актер

Објавено во: Стил 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Со својот авторски проект „Неколку стихови за нас“ на 27 и на 28 април ќе се претстави во МОБ, а на 29 април ќе гостува во Струмица. Со македонските фанови последен пат се дружеше пред три години во Универзална. Тогаш откри дека за концертите често одбира песна од Тоше Проески, но и дека стиховите на Анте Поповски го оставаат без здив

Популарниот српски актер и мултимедијален уметник Иван Босиљчиќ на 27 и на 28 април повторно ќе се претстави пред скопската публика со својот авторски проект „Неколку стихови за нас“.

Претставите ќе се одржат во големата сала на Македонската опера и балет, а со истото шоу Босиљчиќ на 29 април ќе гостува и во Струмица, дознава „Женски Магазин“.