26 Април, 2024
0.0301

Иванов нема да дава финансиски отчет преку владина алатка

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека транспарентно ги трошат парите од буџетот и јавно ги објавуваат, но дека немаат намера да ги користат алатките на Владата на РМ за јавни расходи.

Владата изутрина по потсети Иванов дека не добила повратен одговор од него дали ја прифаќа или не можноста на отворен начин, преку Алатката за отчетност, да им покаже на граѓаните како ги троши нивните пари.

Кабинетот на Претседателот додава дека нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.

„Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства. Во таа насока, потенцираме дека сите јавни набавки од страна на Кабинетот на Претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи и истите се јавно достапни“, стои во соопштението на претседателскиот кабинет.

Додаваат дека овој податок го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.

„Со цел објективно информирање на јавноста, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, целосно стои на располагање за било какви информации кои се однесуваат на финансиското работење и трошењето на народните пари за службени потреби“, се наведува во соопштението.

Институтот Претседател на РМ и Владата на РМ се во постојан конфликт во последните година дена, а кулминацијата беше одбивањето на Иванов да го прифати договорот од Преспа постигнат помеѓу Скопје и Атина. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“