Иванов останува со непроменет став околу мандатот и бара помош од ЕУ
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 16:12
Претседателот Иванов на денешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повтори ставовите околу политичката состојба .
Иванов рече дека неговите ставови остануваат непроменети што се однесува до мандатот, и дека правната и политичката пречка мора да се отстранат.
„Целта на двата услови е новата Влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна, за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета Влада е нестабилна Влада со краток рок на траење и штетни последици“, изјави шефот на државата.
Иванов вели дека императив за партиските лидери треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети.
„Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на пост изборна платформа креирана во туѓи држави. Платформа со која се загрозува независноста на државата, се условува постигнување на парламентарно мнозинство, се уценува составот на нова влада. Се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се поттикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на Уставот. Затоа, на Република Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи“, посочува претседателот.
Меѓудругото, Иванов и Туск разговарале за мигрантската криза а размениле мислења и информации за мигрантските коридори, тензиите меѓу ЕУ и Турција, капацитетите на транзитните држави, но и за ризиците по регионалната стабилност од постојаната закана од мигрантски бран насочен кон Европа од Африка и Азија.
Иванов и порача на ЕУ: помогнете ни, за да ви помогнеме.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




