26 Април, 2024
0.0376

Избегната ли е трговска војна меѓу Македонија и Србија?

Објавено во: Економија 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

По загрижувачките тонови кои пристигнаа од српска страна и министерот за трговија Љајиќ за контра мерки против Македонија поради новиот Правилник за увоз на брашно, двете страни најверојатно најдоа начин да избегнат отпочнување на трговска војна со кревање на давачки за меѓусебни трговски стоки. 

За таа цел Македонија и Србија ќе формираат меѓувладин комитет за решавање на трговските бариери и унапредување на размената.

Целта на комитетот, но и воопшто на заложбите на владите на Македонија и на Србија, е трговската размена од сегашните 760 милиони евра, како што предочи Љајиќ, годинава да достигне милијарда евра.

Комитетот првпат ќе заседава на 14 март во Белград, а ќе ги нотира сите бариери кои постојат од едната или од другата страна. Ќе се дискутира и за извозот на македонските производи: вино, алкохол, тутун…, како и за меѓусебното признавање на сертификатите меѓу двете земји. Воедно ќе бидат понудени конкретни решенија.

– Комитетот ќе ја разгледа и оправданоста на маркичките за брашното и нема да има проблем тие да се укинат ако стопанствениците побараат или имаат интерес за такво нешто, рече Николовски по состанокот.

Министрите вчера во Скопје договорија за увозното брашно од еден, два и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми да се ставаат во Македонија. По средбата истакнаа дека двете страни направиле отстапки за да се дојде до решение на проблемот.

– Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, потенцираа министрите на Македонија и Србија.

Николовски рече дека Правилникот, согласно договореното, ќе биде сменет веднаш.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката