Избори сепак нема да има?
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2019
Избори во Македонија сепак нема да има.
Прашањето за предвремени парламентарни избори веќе не е опција за која размислува СДСМ што значи избори нема да има, ова за ТВ21 го соопшти висок партиски функционер на владејачката партија.
„Во недела имаме Централен одбор на партијата, каде ќе донесеме одлука за следните чекори, но изборите повеќе не се опција, бидејќи датумот е сигурен во октомври“, велат од СДСМ.
Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека ако нема датум за преговори со ЕУ, можно е да бидат распишани избори. Нашата земја не доби датум и ќе мора да почека.