18 Мај, 2024
0.0280

ИЗБОРНА КАМПАЊА ВО САД: Кој „фрли“ повеќе пари -Трамп или Клинтон?

Објавено во: Свет 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Кандидатот за претседател на САД од демократите Хилари Клинтон потрошила за својата предизборна кампања во јули 49 милиони долари, а нејзиниот ривал - републиканецот Доналд Трамп - 18,4 милиони долари, пишува „The Washington Post“.

Според изданието причината за толку голема разлика во трошоците на двајцата кандидати се емитирани од поранешниот државен секретар за телевизиски реклами и настапи, од кои Трамп се воздржа. Во минатиот месец Клинтон одвои вкупно 26 милиони долари за телевизиски и интернет реклами. Таа платила и 5 милиони долари на 705 соработници кои работат со неа за време на кампањата, како и 2 милиони долари за патувања низ земјата.

Трамп од своја страна има поставено месечен рекорд во трошоци, и ги зголемил двојно трошоците кои се направени во мај и јуни. Сепак 18,4 милиони долари за неговата кампања во седмиот месец од годината се далеку поскромни во големина од оние на неговиот конкурент Хилари Клинтон.

Впечаток остава дека околу половина од месечните трошоци на Трамп, или 8,4 милиони долари, се насочени само за една компанија - Giles-Parscale кои се занимаваат со веб дизајн. Претседателот на компанијата - Бред Парскеил, е директор на дигиталната кампања на кандидатот на републиканците.

Патувањата на Доналд Трамп во јули чинеле 3,2 милиони долари, а 1,8 милиони долари се одвоени за малопродажба. Од почетокот на кампањата во близина 7,7 милиони долари се исплатени на компании на Трамп или членовите на неговото семејство.

Од почетокот на претседателската трка Трамп потрошил 89,5 милиони долари, а Клинтон речиси 319 милиони долари. За разлика од неа, Трамп ги ограничува вообичаените трошоци за време на кампањи и се залага повеќе на социјалните мрежи и медиумското покривање за време на најгласните демонстрации, посочува весникот.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?