03 Мај, 2024
0.0256

ИЗБОРНА ТРКА НА ТРАМП И КЛИНТОН: Што го чека доларот во пресрет на изборите во САД?

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Инвеститорите на финансиските пазари станаа невообичаено активни во пресрет на претседателските избори во САД, а во изборната ноќ би можело да дојде до значајни поместувања на курсот на валутите и вредноста на акциите, според анализа на брокерската куќа Адмирал Маркетс.

Во анализата, Адмирал Маркетс направи две сценарија на можни движења на стоковните и валутни берзи - прво во случај да победи кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон, а второ ако победи нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

„Со оглед на пазарните движења во последните десет дена, може да се очекува дека победата на Клинтон позитивно влијаела на доларот и цената на акциите, а негативно влијае на цената на златото“, проценува оваа брокерска куќа.

Бидејќи инвеститорите нејзината победа ја перцепираат многу веројатна, ова сценарио,како што се додава, во голем дел е вкалкулирано во моменталните цени.

Тоа значи дека ако Хилари Клинтон победи, американскиот долар во следните неколку дена во однос на останатите валути би зајакнал не повеќе од 1,0 до 2,0 отсто, вредноста на акциските индекси веројатно би пораснала неколку проценти, додека цената на златото би паднала неколку посто.

Во анализата се наведува дека, со оглед на тоа дека Трамп не е фаворит, неговата победа би била изненадување, па реакциите на финансиските пазари во ова сценарио би биле посилни.

„Однесувањето на инвеститорите во последните дена укажува на тоа дека во случај на победа на Трамп инвеститорите капиталот би го префрлиле надвор од САД. Тоа би предизвикало краткорочно слабеење на американската валута во однос на повеќето останати најтргувани светски валути од можеби дури 3,0 до 4,0 отсто во деновите после изборите, и нагло паѓање на цените на акциите и раст на цената на златото“.

Аналитичарите од Адмирал Маркетс сметаат дека без разлика на победникот, пазарот ќе се смири во рок од неколку дена, и дека судејќи по американските претседателски избори одржувани во последните неколку децении, не треба да се очекува значајна промена на досегашните трендови на пазарот

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)