ИЗБОРНИ ИГРИ: Крадење на гласови со слични имиња?
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2016 17:21
Финтите со слични имиња и на овие избори ќе се обидат да ги збунат гласачите.
Дублерите, како што може да се забележи од веќе објавените пратенички листи се најзастапени во партијата СДПМ.
Имено, кандидатите од таа партија имаат имиња слични или исти со носителите на листата на СДСМ.
На пример, носител на листа во единицата ќе биде Стево Продановски од Зелениково, кој ќе му парира на Стево Пендаровски од СДСМ. За разлика од минатите избори, кога дублер на Радмила Шеќеринска беше Рада Шекерова, овој пат ќе се трка со Радмила Шукуроска од Прилеп. Кандидатот на СДСМ Љупчо Николовски, ќе добие противкандидат со идентично име и презиме.
СДСМ веќе соопшти дека е во фаза на разгледување за поднесување на кривична пријава за попречување на слободна волја на изразување.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




