26 Април, 2024
0.0306

ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА НА КОВАЧЕВСКИ - ќе успее ли „технократот“ за две години да ги реши проблемите и да го подобри животниот стандард

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Димитар Ковачевски е новиот премиер, а тој и неговата Вла отсега па натаму ќе бидат одговорни за спроведување на политиките со кои земјава треба да ги надмине политичките и економски проблеми и да го подобри животниот стандард на граѓаните.

Ова следува откако Собранието доцна синоќа, со 62 гласа „за“ и 46 „против“, ја изгласа новата владејачка гарнитура. 

Новата Влада ќе има пократок мандат од вообичаено, две години, но има бројни предизвици со кои ќе мора да се справува, а тоа е се пред се, на економски план енергетската криза и растечката инфлација, на здравствен се уште незавршената пандемија, но има и голем политички предизвик, односно се уште нерешениот проблем со Бугарија, за кој веќе добро се знае дека работите ќе одат многу тешко за негова солуција. 

Прв вицепремиер за политички систем останува да биде Артан Груби од ДУИ, а од СДСМ вицепремиер за економски прашања ќе биде Фатмир Битиќи. 

Бојан Маричиќ од правда од да биде вицепремиер за евроинтеграции, додека, пак, против корупцијата ќ се бори Славица Грковска,која ќе биде вицепремиер и која е едно од најголемите изненадувања во новиот состав на Вадата. 

Славјанка Петровска ќе биде министерка за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Никола Тупанчевски министер за правда, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Јована Тренчевска министерка за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска министерка за култура, Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Од редовите на ДУИ, покрај Груби, министер за образование и наука ќе биде Јетон Шаќири, досегашниот министер за информатичко општество и администрација, а за ивотна средина останува Насер Нуредини. Местото го задржува и Горан Милевски од ЛДП, кој ќе биде министер за локална самоуправа.

Како што е познато, Алтернатива, како услов да влезе во Владата побара три министерски места, а тие се новиот прв министер за здравство, Беким Сали, за информатичко општество Адмирин Алити и Џемаил Чупи ќе биде министер без ресор, одговорен за дијаспората.

Пед изборот Ковачевски ја претстави во клучните елементи Програмата за работа на Владата, а нејзини главни поенти, како што веќе пишуваше Фактор, се праведни даноци, просечна плата од 550 евра, намалување на невработеноста, регулирање и можност легално да се тргува на пазарот на криптовалути, легализација на марихуаната, но и вложување на милијарди евра во енергетски проекти, откако претходно се ветува преземање на вонредни мерки со кои земјава би ја надминала енергетската криза.
Претходно следуваше бурна расправа во парламентот. 
Опозицијата во саботата и во неделата, критикуваше дека поранешниот премиер Зоран Заев и неговата Влада лошо ја воделе државата, кажуваа дека оваа Влада нема легитимитет бидејќи не го добила мандатот на непосредни избори, а сите бараа и предвремено изборно соочување. 
За народните избраници од власта, пак, опозицијата не треба да ги поистоветува локалните избори со парламентарни. Тие ветуваа исполнување на програмата и остварување на барањата на граѓаните.
Ковачевски некои веќе почнаа да го нарекуваат технократ, а тој рече дека таа придавка не му пречи и дека силно ќе се заложи да го оствари очекувањата на граѓаните, да ја заживее економијата и да го подобри нивниот стандард, но и да му помогне на бизнисот. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица