Изгоре куќа во Прилеп - на таванот имало бали со тутун
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Во пожар вчера изгоре куќата на С.С.(47) од Прилеп.
Пожарот избил околу 7.30 часот во Прилеп на ул.„Дабничка“.
Од пожарот куќата е целосно уништена како и покуќнината во неа, а на таванот имало околу 430 бали со тутун. Со полесни изгореници од огнот се здобил С.С.(18). Причините за појава на пожарот не се познати и дополнително ќе се истражуваат.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата во Прилеп.