Изгореа три трафики кај хотел Холидеј ин
Објавено во: Македонија 24 Април, 2020
Tри трафики, од кои една е угостителски објект изгореа минатата ноќ во Скопје. Станува збор за трафиките на хотелот Холидеј ин, односно на „Кеј 13 ноември“.
Пожарот е изгаснат но не се познати причините за избувнувањето, ниту пак колкава е материјалната штета.
Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот кој бил пријавен утрото во 4.28 целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.