05 Мај, 2024
0.0268

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во Македонија се одржува првиот круг од претседателските избори. 

Во Демир Капија до девет часот гласале 9.42 проценти на гласачи, својот глас го дале 302 лица со право на избор на претседателските избори, соопшти претседателот на демиркаписката општинска изборна комисија, Благој Јовановски.

Во Општина Чашка сите 31 избирачки места се отворени утрово во 7 часот, а правото на глас за избор на претседател на државата до 9 часот го оствариле 4,9 проценти од вкупно 6.076 гласачи на единствениот избирачки список, информира за МИА Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат  6.641  лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми. До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас.

Непречено се одвива изборниот процес од првиот круг на претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Рилинд Хаса претседател на ОИК-Дебар, до 9 часот правото на глас го искористиле 283 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, колку што се запишани во единствениот Избрачки список.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 80 граѓани или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.383 лица со право на глас.

До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти.

До 9 часот во Општина Тетово гласале 2301 лице или 3,2 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.

Во Битола до 9 часот гласале 4.55 отсто од избирачите.

На избирачките места во Општина Гостивар, до 9 часот на гласање излегле 1.959 гласачи, што е 2,41 отсто од вкупно запишаните  гласачи. 

Во Крива Паланка излезноста на гласачите во првите два часа од изборниот ден изнесува 9,54 отсто. Во Кратово излезноста е 6.85 отсто. Во Кавадарци одзивот е 5 отсто до 9 часот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува