Добивај вести на Viber
Работодавачот ќе мора да плаќа придонеси за здравствено и пензиско осигурување и за ангажираните работници со договор за дело или авторски договор, доколку нивните примања се поголеми од минимална плата, предвидуваат измените во законот кои ги усвои Владата.
Измените ќе бидат доставени на разгледување во Собранието. Со нив, министерот за финансии Зоран Ставрески очекува да се придонесе за намалување на невработеноста - работодавачите повеќе нема да имаат мотив да не ги вработуваат во редовен работен однос, затоа што придонесите што ќе треба да ги платат ќе бидат исти.
Меѓу измените што ги усвои денеска Владата е и можноста по исполнување на старосната граница од 62 години за жени и 64 години за мажи, работниците да одлучат дали веднаш ќе заминат на пензија или стажот ќе си го продолжат за уште три години.
Работникот до 31 август во тековната година ќе треба да се изјасни дали го продолжува работниот век за наредната година, предвидуваат измените.