05 Мај, 2024
0.0245

ИЗМЕНИ: Се менуваат критериумите за половни возила

Објавено во: Економија 01 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку во иднина ќе сакате да увезете старо возило, најновата измена на Законот за трговија која е во фаза на подготовка вели дека ќе мора да регистрирате фирма.

Оваа потреба Министерството за економија ја наметнува како што велат од потребата да се регулира увозот на употребувани моторни возила од страна на физички лица, односно да се утврди можноста за да се утврдат соодветни ограничувања при увозот на употребувани моторни возила од страна на физички лица, и да се дорегулира вршењето на трговијата со употребувани моторни возила.

Досегашната практика според Министерството за економија покажала дека голем број од граѓаните увезуваат возила на свое име, а потоа ги препородаваат и на овој начин прават нелојлана конкуренција на фимирте увезници во земјава и затоа овие измени во Законот ќе ја оневозможат  нелојалната конкуренција во однос на трговијата со автомобили.

„Трговијата со употребувани моторни возила се одвива во согласност со Законот за трговија и подзаконските акти донесени врз основа на истиот. Според постојните одредби,  трговија со употребувани моторни возила можат да вршат правните и физичките лица кои се регистрирани за трговија со употребувани моторни возила во Централниот регистар“, објаснуваат од Министерството за економија.

Овие лица не се регистрирани за трговија и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните дилери - стои во понатамошното објаснување од Министерството.

Основната цел на овој Закон  е да се овозможи преку воспоставување на правна законска рамка да не се дозволи нелојална конкуренција при трговијата со употребувани моторни возила и да се постигне одреден напредок во сузбивање на сивата  економија, како и да се створат еднакви услови за вршење на трговијата со употребувани моторни возила.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?