16 Јануари, 2025
0.0290

Измените во законот за нотаријат ќе донесат импликациии врз работењето на деловните субјекти

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Според анкетното истражување на Стопанската комора на Македонија, новиот Закон за нотаријатот и Законот за извршување, кои Собранието на РМ ги донесе во април оваа година и кои со измените од 1 август 2016 година, ќе отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2017 година, ќе имаат импликациии врз работењето на деловните субјекти, информирше оперативниот директор во Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска на денешната прес конференција на Стопанската комора на Македонија (03.10.2016 година).

Појаснувајќи ги добиените одговори, од оваа институција наведуваат дека се добиени 226 пополнети анкетните прашалници, од компании со различна големина според бројот на вработени и различен просечен годишен обрт во последната финансиска година.

Компаниите се од различна дејност и тоа: трговија на големо и трговија на мало, текстилната индустрија, прехранбената индустрија, градежништвото, рударството, фармацеутската индустрија, металуршката дејност, металната индустрија, транспортот, хемиската индустрија и услужната дејност.

Од 226-те компании, 61,5% имаат сопствена правна служба со околу 7-8 вработени. Кај 30,7% од компаниите, дел од вработените лица во правните служби имаат положен правосуден испит и нивниот број се движи од 1 до 5 лица. Најголем дел од компаниите кои имаат правни служби одговорија дека ретко или многу ретко покрај кадарот во правните служби имале потреба да ангажираат и надворешни соработници.

30% од компаниите одговорија дека имаат ангажирано надворешни соработници (адвокат/адвокатско друштво) за оваа намена на постојана основа и тоа се во поголем дел компании кои немаат правни служби.

Според дадените оценки, новите решенија најмногу ќе влијаат врз зголемување на трошоците во работењето, одолговлекување на постапките и потребата од реорганизација на правната служба во компаниите.

Новиот Закон за нотаријат, наведе м-р Милевска-Штрбевска, посочувајќи ги новините кои се од интерес за работењето на деловните субјекти, воведува обврска сите поднесоци кои се поврзани со постапката за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително да бидат составени од адвокат и да содржат адвокатски печат и потпис.

Воедно Законот воведува обврска приватната исправа за правната работа врз основа на кои се стекнува, престанува, пренесува или ограничува право на сопственост или друго право на недвижност, или права за кои се водат јавни книги, задолжително да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со вредност над 10.000 евра во денарска противвредност

Според новиот Закон за извршување, барање за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис. Истото се однесува и на приговорот и на жалбата на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра.

И покрај тоа што во предлог на законите, предлагачите образложија дека постапките нема да поскапат, односно дека за сметка на трошоците за награди за адвокат ќе се намалат трошоците за награди на нотар и за извршител, компаниите сметаат дека ваквите решенија ќе претставуваат дополнителен непотребен трошок за ангажирање на адвокати, особено ако се земе во предвид дека за многу покомплексни работи за кои било потребно да се поднесе тужба и други поднесоци пред надлежен суд или да се застапува компанијата пред надлежен суд, составувањето на правните акти и дејствијата се преземаат од страна на дипломираните правници кои се во работен однос во компаниите.

Вработените - дипломираните правници имаат најдобар увид во правните работи на компанијата, ги следат реализациите и трансакциите кои претходеле на потребата да се иницираат постапки за издавање на нотарски платен налог или  барање за извршување на извршна исправа (кое пак во голем дел е и врз основа на правосилни пресуди за кои правниците ги застапувале компаниите пред судовите). Правните лица преку сопствените служби правовремено и превентивно можат да делуваат за конкретни/одредени работи, со што се намалува можноста од настанување на штети, спорови и сл. во работењето на друштвото.

Поради тоа што со ваквите решенија се оневозможува лицата дипломирани правници кои се во работен однос со учесниците во таа постапка  (компаниите) да можат во улога на полномошници на компаниите да ги превземаат дејствијата во постапките за солемнизација на приватна исправа, за издавање на решение за нотарски платен налог и за извршување на извршна исправа, за компаниите тоа би можело да предизвика дополнителни организациски, кадровски и административни процедури околу исполнувањето на наведените нови обврски.

Исто така, компаниите сметаат дека ваквите решенија ја доведуваат во прашање еднаквата положба на професиите и прават дискриминација на дипломираните правници наспрема адвокатите, иако имаат исти квалификации - дипломирани правници, искуство на правни работи и положен правосуден испит.

Финансиското оптеретување во услови во кои правните лица се борат со конкурентноста на компаниите од странство кои немаат вакви ограничувања дополнително ќе ги елиминира можностите и стремежите за поголем успех. Во секоја високоразвиена земја, бизнис заедницата е двигател и носител на економскиот раст, а ваквите ограничувања само ги спречуваат насоките кон обезбедување на целите, нагласи м-р Елена Милевска Штрбевска.

Затоа, се упатува порака до предлагачот на законите за измена на Законите и на идентичен начин како што е регулирано во чл. 81 и 82 од Законот за парничната постапка, да се уреди можноста сите поднесоци во постапките пред нотар и извршител да можат да бидат составени и од страна на лице дипломиран правник кое е во работен однос во тоа правно лице, а кое соодветно ќе се легитимира во постапката дека ги исполнува условите за да може да ги составува неведените поднесоци во име на правното лице во кое е вработено.

Воедно, да не се воведуваат нови или поголеми трошоци во соодветните постапки кои се поврзани со исполнување на обврските за задолжително присуство на адвокат и за задолжително составување на соодветните поднесоци од адвокат, ако правното лице нема вработено дипломиран правник согласно горенаведениот предлог. Со оглед на големиот обем на вакви постапки кои деловните субјекти ги имаат секојдневно, ваквите обврски ќе претставуваат големо финансиско оптоварување за нив и значително ќе се одразат врз нивното работење. Поради тоа, овие прашања да бидат уредени на начин што вкупниот финансиски товар за деловниот субјект (вклучувајќи ги нотарсаката такса, нотарската награда, адвокатската награда и судските такси) за секоја од овие нотарски исправи да не биде на повисоко ниво отколку што изнесува тоа финансиско оптоварување за компаниите сега според важечките закони.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката