20 Декември, 2025
0.0410

ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ: Хан ја повика Турција да го смири насилството во земјата

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 12:07

Добивај вести на Viber

ЕУ ја обвини Турција за владеењето на правото, правата и средствата за јавно информирање, повикувајќи ja новата влада да преземе итна акција.

Ова се вели во извештајот за напредокот на ЕУ, чие објавување од Брисел беше одложено поради тековните предвремени избори во земјата. Тие беа освоени од Партијата на правдата и развојот (АКП), чиј коосновач е претседателот Реџеп Ердоган.

Во извештајот се нагласува сеопфатен негативен тренд во почитувањето на владеењето на правото и основните права. Според текстот се забележува „сериозно повлекување“ од принципите на слободата на изразување, а судството било нарушено. Извештајот наведува дека внатре во државата имало активности кои „се против европските стандарди“.

Во документот се забележува присуството на криминални случаи против новинари и писатели, заплашување на медиумите и измени во законот за интернет. „По неколку години на напредок во однос на слободата на изразување, во последните две години се забележува сериозно назадување“, се наведува во текстот. Во него се вели и дека „независноста на судскиот систем и принципот за поделба на власта се поткопуваат од 2014 година, а судиите и обвинителите беа под силен политички притисок“.

Според Брисел во земјата се забележува и „значително влошување на нејзината ситуација во однос на безбедноста“, вклучувајќи и самоубиствен напад за време на мирна поворка пред изборите на 1 ноември, како и неуспехот на примирјето помеѓу Анкара и курдските бунтовници.

Објавувањето на извештајот доаѓа само еден месец откако ЕУ склучи договор за соработка со Турција за мигрантите, што вклучува и финансиска помош во износ од 3 милијарди евра. Во рамките на договорот ЕУ вети дека ќе го забрза процесот за прием на Турција во Унијата, како и либерализација на визниот режим за земјата.

Ердоган, кој стана премиер во 2003 година, а во 2014 година ја презеде функцијата на претседател, првично доби добри критики за управување од Западот поради тоа што ја трансформира Турција во модел за муслиманска демократија, и реформирање на економијата на земјата. Полициските мерки за задушувањето на протестите од 2013 година, како и чистка во судството по истрагата за корупција на високи политичари, вклучувајќи и од кругот на Ердоган, предизвикаа загриженост за почитувањето на човековите права во земјата и ги оладија односите на Анкара со Брисел, и исто така со Вашингтон.

Турција аплицира за членство во ЕУ во 1987 година, а преговорите започнаа во 2005 година. Од тогаш наваму, сепак земјата завршила само една од вкупно 33 поглавја потребни за членство.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај