19 Мај, 2024
0.0299

ЈА НАПУШТА ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО, но и шефовското место во партијата, еве ја причината

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Директорот на Клиничка болница Тетово, Плумб Вела, поднесе оставка од фукцијата, на која беше вршител на должноста од пролетва. Тој функцијата ја извршува од 28 март, а на истата беше назначен како кадар на партијата Алијанса за Албанците.

Вела преку неговиот Фејсбук профил објави дека оставката ја поднесува до приватни причини, поточно од здравствени причини, но не прецизира за што станува збор. 

- Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. 

Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијансата за Албанците - напиша Вела на Фејсбук.


Плум Вела е роден 1973 година, а Стоматолошки Факултет завршил на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2011 специјализирал детска стоматологија. Од 2002 година е вработен како стоматолог во Здравствен дом. 

Во периодот од 2006 до 2008 бил и директор на Здравствен дом. Во тетовската јавност е познат и како поранешен одбојкар и координатор во ОК Шкендија-Тетово.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје