ЈА ВИДОВ НЕСРЕЌАТА И СЕГА МИ Е ПРЕД ОЧИ, НЕ СПИЈАМ И ОДАМ НА ПСИХИЈАТАР: Сведоштво на херојот кој ги спаси преживеаните
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2021
„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“. Вака Лулзим Сулејмани го започна разговорот со екипата на ТВ21 при нивната посета во Прешево. Тој е херојот кој од пламените јазици на автобусот ги извлече малкумината спасени патници. Понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.
„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така.“, изјави Сулејмани.
Лулзим
се уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано
се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во
Врање. Вели дека спие само по еден до два часа во ноќта.
„Јас бев буден, но
пред тоа, кога шетавме низ Турција, забележав каде стои чеканчето. И потоа кога
се случи катастрофата, фала му на Бог што паметот ми беше во глава, стигнав до
чеканчето, го скршив стаклото и излегов јас и после мене уште шест.“, рече
Сулејмани.
Извор ТВ21