Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Објавено во: Економија 22 Април, 2024 12:14
Лидерот на синдикалната организација СОНК, Јаким Неделков,денеска претпладне ги извести културните работници дека им е легната зголемена плата од 12 отсто на сметките. Претходно синдикатот најавуваше протест затоа што беше неизвесно дали Министерството за финансии ќе одобри зголемување, а платата им доцнеше подолго од законски предвидениот рок.
„Само СОНК може со најава на протест да ги оствари своите барања веднаш! Денес почна исплатата на зголемена мартовска плата за 12 проценти во културата!“, објави Неделков на социјалните мрежи.
Пред Министерството за култура имаше протест поради доцнењето на платите во културата и наводен обид да се скрати нивното право за усогласување на платите со постоечките колективни договори.
Претходно, претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција рече дека веројатно ќе донесат одлука за протест, иако е период на избори, а ако проблемот се продлабочи, рече, веројатно ќе донесат одлука и за генерален штрајк во установите од културата.
СОНК изрази незадоволство од доцнењето на платата за март која, според Општиот колективен и Колективниот договор во областа култура, вработените треба да ја примат до 15-ти односно до 10-ти во месецот.
Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државата, мартовската плата требаше да им биде зголемена за 12 отсто. Пресметките биле изготвени од установите за култура, но наводно немало одобрување од Министерството за финансии и покрај ветувањата на ресорната министерка.
Можеби ќе ве интересира
Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

МИЦЕВСКИ: Изгласан е законот за работно ангажирање на лица

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ - ова се деталите

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

ЗАРА НИКОГАШ НЕ ГО НАПУШТИ РУСКИОТ ПАЗАР, СКРОИ СОВРШЕН ПЛАН: Западните компании на разни начини ја оставија вратата на Русија за враќање

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година

ГЕРМАНИЈА ГО МЕНУВА СТАВОТ - целосно ја отфрла забраната која ја воведе Меркел, Мерц најавува прагматичност
