07 Мај, 2024
0.0807

Јаким Неделков: Над 100 директори не доставиле документација за исплата на плата

Објавено во: Македонија 27 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, објави дека над 100 директори на културни установи во Македонија се уште не доставиле потребна документација за исплата на јулските плати на културните работници според новиот колективен договор за кој беше спорно дали ќе почне да се применува поради корона-кризата.

„Над 100 директори на установи од културата (од вкупно 120) не доставиле потребна документација за исплата на плата по новиот Колективен договор.
Многу симптоматично! Дали се работи за бојкот на директорите или некој така ги советувал. Во секој случај, тие ја сносат одговорноста за неисплаќањето на платите на вработените.
СОНК ќе ги превземе сите законски мерки за прекршување на закони и колективниот договор за културата, а му препорачуваме на новиот министер за Култура, по негово избирање, да превземе мерки против несовесните директори“, објави првиот човек на СОНК.

На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека буџетот има финансии за новите повисоки плати и дека самите директори ја сносат одговорноста за постапките.

На средбата одржана на почетокот на јули помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот за култура, беше договорено, членот од Колективниот договор, со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година, соопштуваат од Министерството за култура.

Колективниот договор за култура, е склучен на 30.12.2019 година.  Со членот 130  беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите  од членовите  65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година. Со тоа, платите во културата за месец јули требаше да се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор.

Примената на новиот Колективен договор во Културата од 1 јули, доаѓа по негодувањата на уметниците и културните работници на социјалните мрежи, поради одлуката на Владата за одложувањето на примената, од крајот на 2020.

На нов Колективен договор, вработените во културата чекаа 15 години.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава