30 Април, 2024
0.0306

Јанчовски: Селектиравме само три победнички песни, а не цела збирка на АМС

Објавено во: Македонија 02 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поетот Тихомир Јанчовски кој бил дел од комисијата задолжена за избор на песните од конкурсот за млади поети на АМС тврди дека нивна задача била само да ги одберат трите најдобри поети кои биле наградени, а не и цела збирка која беше испечатена и во која се најдоа контроверзните и навредливи песни напишани од Александар Блажевски, кој пак се пријавил под друго име затоа што не го исполнувал условот на старост до 29 години во објавениот конкурс.

Во врска со скандалот со Агенцијата за млади и спорт и книгата со песните на младите поети, и со комисијата чиј член бев и јас:

1. Од нас се бараше да ги прочитаме песните што пристигнале на конкурсот и да одбереме три најдобри песни. Во комисијата бевме, Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и јас, Ни дадоа папки со песни, ги прочитавме, и некако, по долги консултации, одбравме песни што го освоија првото.второто и третото место. И толку.

2. Бев на доделувањето на наградите. Добитниците ги прочитаа своите песни, а читаа и други учесници на конкурсот што беа дошле.

3. Тогаш, една од вработените во АМС, на крајот, рече дека сите пристигнати песни ќе бидат објавени во книга. Дотогаш, не знаев за тоа. Ако.

4. По ова, никој од АМС не ни се јавил, ниту не' консултирал за содржината на книгата, и за тоа кои песни треба да влезат или да не влезат во неа. Не сме добиле ни имејл, ни писмо, ниту некој не барал по телефон во врска со тоа. Не сме правеле никаква селекција, ниту некој од нас барал некаков извештај.

5. Селекцијата на песните што се застапени во книгата не е направена од нас. Ние направивме избор на првонагредените три песни и толку.

6. Пред 3 недели од нас побараа и предговор. Николина напиша предговор. Од агенцијата не и' јавија, ниту и' пратија список кои песни се застапени во книгата. Таа напиша предговор за општиот впечаток од сите песни.

6. Песните што предизвикаа скандал по објавувањето на книгата не се меѓу трите песни одбрани од нас. Не биле ни во поширок избор.

7. Да ме прашал некој кои песни треба да се објават, и да сум рекол тие и тие, може да ми бараат одговорност. Вака, некако не оди!

8. Книгата е објавена, јас не сум добил примерок и не знам како изгледа.

9. Книгата е објавена, и никој не очекувал скандал. Поезија... млади... Откако изби скандалот, директорот на АМС ја префрла вината врз нас. Тоа е очекувано. Ако вината е до АМС, а тој е таму директор, ќе му речат да си даде оставка. Новинарите ги љубат скандалите и едвај чекаат такво нешто. Покажувал пред камери некакво решение. кое никој од нас никогаш не го видел, и на кое нема потпис на ниеден од нас.

10. Песни имаше 70-80, објавени се 44. Значи, некој сепак направил селекција на тоа кои песни да влезат во книгата. Тоа не сме ние, членовите на комисијата за одредување на 1,2, и 3 место (Јовица Ивановски, Тихомир Jанчовски и Николина Шопова).

11. Најдете го тој/таа или тие што ги селектирале песните и прашајте ги зошто баш тие.

12. Тие што ме познаваат, знаат дека ако ме прашале мене кои песни да влезат во книгата, книгата можеби не би ни излегла, напиша Јанчовски во обраќањето на социјалните мрежи.

Јанчовски како што можете да забележите ја отфрла од себе вината за изборот на песните во објавената збирка од АМС и ги негира обвинувањата префрлени од директорот Каевски. Во комисијата уште членувале Јовица Ивановски и Николина Андова Шопова. 

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала