Јанева: Не постои совршен злочин, продолжуваме со својата работа
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервјуто во емисијата „360 степени“ на Алсат М, зборува за сериозните опструкции од личности во државните институции кои го оневозможуваат нормалното функционирање на СЈО.
Сепак, таа посочува дека тоа не го обеспокојува тимот обвинители кои имаат задача да истражат сериозни облици на криминал, изразувајќи го својот оптимизам дека иако е спора, на крајот правдата ќе биде таа што ќе ја однесе победата. На прашањето дали ќе се открие кој прислушкувал, Јанева изрази исто така оптимизам.
„Иако дел од доказите се уништени и ние бевме изненадени, од начинот на кој постапувале државните институции, поточно функционерите во МВР, но како што вели мојата колешка Фатиме Фетаи не постои совршен злочин, така да ние продолжуваме со нашата работа“ - вели Јанева.
Таа кажа дека во тимот ги има обвинителите кои се докажани во својата работа и имале високи оценки, поради што верува дека правдата ќе излезе на виделина.