17 Мај, 2024
0.0305

Јанева: Тапкаме во место 12 часа, ама нема да си одиме од УБК!

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Поминаа 12 часа откако сме во УБК. Како што напредува постапката тапкме во место, дискутираме, дебатираме но уште сме на мртва точка“, изјави кратко специјалната обвинителка, отстапувајќи и на колешката и специјалана обвинителка Ленче Ристовска да го заврши пресот.

Обвинителката Ленче Ристоска изјави дека СЈО, по наредба на Основниот суд Скопје 1, а по претходно барање на Специјалното јавно обвинителство, побало да ги добијат сите маркирани броеви кои биле предмет на прислушување и од СЈО се сомнееваат дека истите се и во сегашниот систем, но искажа разочарување од УБК, како институција.

„Нема волја, а има недостаток и од технички и од човечки капацитет да се реализира судска наредба во УБК“, изјави Ристовска.

Како што претходно информиравме СЈО од утрово се наоѓа во просториите на управата за безбедност и контраразузнавање со две судски наредби.

„Влеговме во УБК и во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ мерки кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИМ мерки од 2008 до 2015-та година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период. Сѐ уште работиме на тоа соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи на барањата, во исто време присутен е по цело време, не знам по кој основ господинот Чавков, а други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, неможеме да знаеме кои се, но ве уверувам дека јас со мојот тим на обвинители остануваме до крај додека не ги извршиме судските наредби, соопшти Јанева.

Таа исто така првично го обвини директорот на УБК, Владимир Атанасовски дека прави опструкции и поради непознати причини, таму присуствува и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков.

Министерот Спасовски со информација за Нова ТВ околу случајот рече дека СЈО почнало со претрес во УБК.

„Имаше опструкции и обиди за одолговлекување на постапката но тие сега се надминати и тимот на чело со Јанева доби пристап до документите кои се предмет на нивната истрага - изјавил министерот Спасовски. 

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори