Јанкулоска бара да не се пушта снимката каде на Бошкоски му ставаат пиштол во уста
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2018
Во судот денеска се слушнаа „бомби“ за предметот „Тортура“ како докази на СЈО, во кои се слушаше гласот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како на соговорниците им кажува дека е уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а во дел од нив бара да се пуштат снимките од апсењето без цензура на лицето.
Во раговорите се слушнаа и гласовите на новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Јордан Камчев каде првично Трајковска не го одобрува апсењето, но подоцна, во разговорите се слуша дека таа вели дека тоа е во ред затоа што Бошкоски извршил кривично дело. Сашо Мијалков во разговор со брат му Влатко му кажува дека Љубе за ова дело ќе добие минимум осум години. Во еден од разговорите меѓу екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски се слуша како Јанкуловска му кажува на Иво да не ги пуштаат снимките каде се гледа насилното приведување на Бошкоски, а Котевски ја информираше дека постоела снимка каде обвинетиот Ивица Антевски-Пуки му ставил пиштол во уста на Љубе.
Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Судењето по предметот „Тортура“ на СЈО, ќе продолжи на 20 септември, на кое по барање на обвинителката Лиле Стефановска, јавноста ќе биде исклучена поради можна повреда на приватноста.