19 Мај, 2024
0.0277

Јанкулоска се уште лежи во болница по породувањето

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Гордана Јанкулоска, поранешната министерка на МВР, се уште лежи во болница по породувањето, наведе одбраната, и поради тоа не дојде на денешното закажано рочиште за случајот „Титаник3, но судијата и порача дека треба да дојде на следното.

Судијата Осман Шабани во судница рече „да е живо и здраво бебето на Јанкулоска“, но ѝ порача на обвинетата дека на 16 август, за кога го закажа следното рочиште, мора да се појави на судењето во кое е обвинета. Судијата Шабани додаде дека до тогаш екс-министерката ќе може да го искористи законскиот минимум од 45 дена за да биде со нејзиниот син Петар.

Според адвокатката Сања Алексиќ, Јанкулоска сѐ уште се наоѓа во болницата Ремедика каде што неодамна се породи.

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и на Јанкулоска, побараа од судот поради заштита на приватноста кога ќе се пуштат бомбите за овој случај во судница, јавноста да биде исклучена. За ова барање судот треба да донесе дополнителна одлука.

За судскиот процес „Титаник“ судијата Шабани определи дополнителни два термини за судење за 17 и 20 август.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“