Јанкуловски ги охрабри сите кандидати да се презентираат
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020
Актуелниот ректор на УКИМ, Никола Јанкулковски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека по завршување на вонредната состојба би требало да се оддржат избори на универзитетот.
Објасни дека конкурсот трае 5 работни дена, но заедно со неработните денови, се вкупно 10 дена.
„Роковите беа такви секако заради влијанието на целокупната ситуација во државата која не зафати, пандемијата, но тоа не треба да биде пречка некој да конкурира“, вели тој.
Вели дека еден добро етаблиран професор кој има визија, не е проблем да биде препознаен од академската заедница.
Ги охрабри сите кандидати да се презентираат.
„На УКИМ се направи синдикат којшто стана репрезентативен и мислам дека тука дојде до судир на интереси“, рече тој.
Вели дека синдикатот треба да се занимава со подобрување на стандардот на своите членови.