18 Мај, 2024
0.0304

Јанкуловски: Зголемување на платите на вработените во високото образование ќе има со измена на соодветен закон

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, соопшти дека зголемувањето од 10% на платите на вработените во високото образование ќе се реализира со измена на соодветен закон.

- На денешната средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и ректорите на јавните универзитети во РСМ ни беше соопштено дека техничката влада во овој момент се враќа на првобитниот став, предложен од ректорите, ова зголемување од 10% да се реализира со измена на соодветен закон. Исто така, договорено е во меѓувреме новоформираните синдикални организации на универзитетите да продолжат со нивните активности - пишува во соопштението.

Јанкуловски, исто така, пишува дека периодов членови на академската заедница на УКИМ изнеле невистини и паушални толкувања на важечките закони и притоа бил обвинет за наводно узурпирање на академската слобода и притисоци врз вработените на Универзитетот за членство во синдикат на УКИМ.

Тој појаснува дека колективното договарање во јавниот сектор се врши помеѓу основачот и соодветните синдикални организации, во случајов репрезентативен синдикат формиран на Универзитетот со Собранието на Македонија.

„Правото на здружување е едно од основните човекови права и слободи. Оттука, со индигнација ги отфрламе сите обвинувања за притисоци врз вработените во високото образование во насока на синдикално организирање и здружување“, додава ректорот Јанкуловски.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада