27 Април, 2024
0.0284

Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува Јавен повик за спроведување на бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП).

Целта на менторските услуги е обезбедување на навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија.

Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат на анализа на моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието, утврдување на клучните сегменти во кои е потребна поддршка, преточени во акциски план за надминување на истите, како и помош во решавањето на некои од нив.

Mенторите се квалификувани лица соовластувањеда ги спроведуваат услугите врз основа на успешно завршенименторски обуки од областа на дијагностика на претпријатија, финансиски менаџмент, маркетинг, развој на бизнис план, управување со производство, деловна комуникација и развој на човечки ресурси.

Системотна менторски услуги е развиен и стандардизиран во соработка наАППРСМ и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во 2018 година и се спроведува во соработка со Регионалните Центри за деловна поддршка во седум региони на територијата на Република Македонија, од каде иницијално доаѓаат и менторите.  

Услугата се спроведува веќе 6 години, со вкупен опфат од 244 корисници, коиизразија задоволност и оценија дека менторството им помогнало во работењето.

Корисниците на услугата преку учество на оваа програма можат да бидат поддржани и со останатите услуги кои ги обезбедува Агенцијата преку системот за поддршка на МСП - субвенционираното ваучерско советување, добивање на релевантни информации за водење на бизнисот - Инфо пулт и друго.

Јавниот повик е отворен до 04 април 2024 година.

Право на учество на јавниот повик имаат микро, мали, средни претпријатија кои се занимаваат со производствени или услужни дејности.

Менторските услуги се бесплатни за избрани корисници кои ги задоволуваат условите и критериумите дефинирани со Јавниот повик објавен на интернет страната на АППРСМ: http://www.apprm.gov.mk/Javen_Povik-Mentorstvo

За избраните корисници - постојни претпријатија се одобруваат 50 менторски часови, а за почетните претпријатија 25 менторски часови.

Пријавата може да се преземе од интернет страната на АППРСМ: Пријава или во Регионалните Центри за деловна поддршка- Контакти каде истата се поднесува заедно со придружните обрасци и документација.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/MentoringMakedonija/или обратете се на е-пошта mentoring@apprm.gov.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг