Јавниот долг ќе расте, ама минимално: Негарантираниот долг влегува во вкупниот јавен долг
Објавено во: Финансии 01 Март, 2019
Јавниот долг е стабилизиран, а Министерството за финансии прави дополнителни законски измени за зголемување на транспарентноста на податоците, рече министерот Драган Тевдовски денеска на работилница за новинари за јавен долг. Во собраниска прцедура се измените на Законот за јавен долг, со кои во јавниот долг ќе се мери и негарантираниот јавен долг. Тоа е долгот за кој државата нема издадено гаранција, а го земале јавни и државни претпријатија. Во моментов тој изнесува 33,9 милиони евра или 0,3 отсто од БДП.
Министерот рече дека тоа биле препораки на меѓународните институции.
Во моментот јавниот долг е 48,7 проценти од БДП.
„Долгот е под контрола, бидејќи трошокот кој го плаќаме – каматите, се значително намалени. На пример, ако на почетокот на 2016 година каматата за 12-месечни записи без девизна клаузула изнесувала 2,6 отсто, на почетокот на 2017, 2,1 проценти, сега таа е намалена на 0,8 отсто.
Тевдовски смета дека има простор за раст на платите, но не прецизираше дали и кога ќе се зголемува минималната плата.