26 Април, 2024
0.0275

Јавниот долг на крај на годинава ќе стаса до 63,4 проценти од БДП: Еврообврзницата за вакцини и лекови

Објавено во: Економија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Јавниот долг годинава ќе надмине 63 проценти од БДП, а државниот на крајот на 2021 година ќе изнесува 53,2 отсто соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими откако образложи за процесот на издавање на осмата еврообврзница. Македонија позајми нови 700 милиони евра на пазарот, но нето задолжувањето, како што рече Бесими е 200 милиони евра, затоа што Владата ја враќа за неколку месеци издадената еврообврзница од 2014 година вредна 500 милиони евра. Со тие 200 милиони евра ќе се финансираат тековни потреби, најмногу здравствени потреби, вакцини и лекови, но и дел од пакетот за поддршка на економијата. Бесими е категоричен дека од следната година па се до 2025 година ќе следи период на консолидација на јавниот долг. На крајот на минатата година јавниот долг е 60,2 проценти од БДП на крај на декември

Годинава државата треба да врати вкупно 605 милиони евра, сума во која влегува и еврообврзницата од 500 милиони евра. Другото е отплата на домашен долг и државни хартии од вредност.

„Остатокот од потребите ќе го надполниме со позајмување преку државни хартии од вредност. Со консолидацијата очекуваме јавниот долг да се врати во следните години под мастришките критериуми, одноно до 2025 година да изнесува 58,5 проценти, а државниот д абиде 51 процент, рече Бесими. 

Инаку тој вели дека Македонија заштедила на камати со ова задолжување. Камата која се постигна вчера е 1,625 проценти, а за споредба еврообврзницата која се враќа е со доста повисока камата.

Рече дека Македонија постигнала многу пониска камата од сите земји во регионот.



Рече дека инвеститорите имале голем интерес за македонската еврообврзница. Министерот соопшти дека во февруари има добра наплата на приходите и придонесите.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката